top of page

КАРАКТЕРИСТИКИ ПОВРЗАНИ СО АУТИЗМОТ

Иако секое лице со аутизам е единствено, сепак во дијагностицирањето на аутизмот некои карактеристики се сметаат за особено важни. Тие карактеристики се поделени во четири основни категории:

  • Карактеристики на комуницирање

  • Карактеристики на социјална интеракција

  • Карактеристики на необично однесување

  • Карактеристики на учење

Останати карактеристики на однесување и учење на учениците со аутизам можат да категоризираат како:

  • Необични облици на внимание

  • Необични реакции на сензорни дразби

  • Анксиозност

КОМУНИКАЦИЈА


И покрај тоа што помеѓу поединци постојат значителни разлики во нивната говорна способност, кај сите лица со аутизам присутни се говорните потешкотии и потешкотии во комуникацијата. Некои поединци не се изразуваат со зборови, додека други можат да имаат богат речник со недостатоци на полето на прагматика (социјална употреба на говорот). Лицата со аутизам можат да изгледаат како лица кои се заробени во сопствен свет во кој комуникацијата не е особено важна. При тоа не се работи за намерно однесување, туку за неспособност за комуницирање.

Постојните потешкотии во говорот можат да опфатат:


  • Непримерни изрази на лицето

  • Невообичаена употреба на гестови

  • Недостаток на воспоставување контакт со очите

  • Необична положба на телото

  • Недостаток на взаемно или заедничко фокусирање на вниманието

  • Заостанување во вештините на експресивен говор или недостаток на таа вештина

  • Значителни разлики во усниот говор кај оние чиј говор е развиен

  • Необично искажување или интонација

  • Побрзо или побавно темпо од нормалното

  • Необичен ритам или нагласок

  • Репетитивен и идиосинкратичен облик на говор

  • Ехолаличен говор, непосредно или дополнително буквално повторување на говорот на другите

  • Говорот изгледа бесмислен , но може да укажува на обид за воспоставување на комуникација

  • Може да користи за комуникативни или когнитивни потреби на ученикот

  • Ограничен речник

  • Преовладуваат именките

  • Често ограничен речник во однос на потребите или недоволен во смисол на прилагодување на некои физички средини

  • Ограничен говор во социјални функции

  • Повторување на темата, односно непрекинато разговарање за иста тема, со присутни потешкотии при промена на темата

  • Потешкотии кои се однесуваат на систематичност во разговорот

  • Проблеми во иницирање на комуникација

  • Потешкотии во примена на непишаните правила

  • Неспособност за одржување конверзација на одредена тема

  • Непримерно влегување во збор

  • Нефлексибилност во однос на стилот на разговор, стереотипен начин на говор



Лицата со аутизам често пати имаат потешкотии во врска со разбирањето на усните информации, следење на долгите усни упатства и меморирање на истите. Во поглед на контекстот, разбирањето на говорот може да биде специфично. Степенот на потешкотии е различен кај секој поединец, но дури и кај оние кај кои интелегенцијата е просечна, можат да имаат потешкотии во разбирањето на усните упатства.

ОБРАЗОВНИ ИМПЛИКАЦИИ


Ефективни програми за учениците со аутизам и останатите развојно – первазивни нарушувања опфаќаат процена од логопед и неформална одделенска опсервација и евалуација. Процената служи како основа за утврдување на целите, задачите и стратегиите со чија помош ќе се развива рецептивниот говор и вештините на изразување, особено на прагматичните. Образованието мора да го нагласува покажувањето на внимание, имитирање, разбирање и користење на говорот при делување и во социјална интеракција. Целите на комуникацијата би требало да ги истакнуваат функционалната употреба на говорот и комуникацијата во различни рамки на делување.

СОЦИЈАЛНА ИНТЕРАКЦИЈА



Учениците со аутизам покажуваат квалитативни разлики во социјалната интеракција со што често имаат потешкотии во воспоставување на односи со другите. Нивните социјални интеракции можат да бидат ограничени во однос на начинот на интеракција со други лица. Присутни потешкотии во врска со социјалното комуницирање не би требало да се земе недостатокот на интерес или отпор кон интеракција со другите; тој недостаток на делотворна комуникација може да биде последица од нивната неспособност за обработување на социјалните информации од социјалната интеракција и употребата на соодветни вештини на комуницирање поради реакција.

Разбирањето на социјалните ситуации во правило бара процесуирање на говорот и невербалната комуникација, а тоа кај лицата со аутизам се често дефицитарни подрачја. Тие не ги забележуваат социјалните знаци, па можат да испуштат важни информации. При прилагодувањето на социјалната интеракција лицата со аутизам по правило користат несоодветни невербални однесувања и гестови, па можат да имаат потешкотии во разбирањето на невербалното однесување кај другите лица.

Лицата со аутизам често имаат потешкотии во секоја интеракција која бара познавање на другите лица и познавање на она што тие лица го мислат или познаваат.


Поставени се теории според кои лицата со аутизам на тоа подрачје имаат социјален когнитивен дефицит.Лицата со аутизам не се во состојба да ги разберат ставовите на другите, па дури ниту да согледаат дека другите луѓе можат да имаат различни ставови од нивните. Исто така, можат да имаат потешкотии во разбирањето на сопствените, а посебно во разбирањето на туѓите – верување, намери, сознанија и согледувања. Учениците со аутизам често имаат проблеми во разбирањето на врската помеѓу менталните состојби и однесувањата. На пр: децата со аутизам можат да бидат неспособни во забележување тага кај друго дете, дури ни кога тоа плаче, бидејќи тие самите не се чувствуваат тажно.

Наставниците можат подобро да го разберат мислењето и однесувањето на своите ученици со аутизам ако согледаат дека тие ученици се неспособни да го разберат фактот како другите луѓе имаа свои сопствени согледувања и ставови. Овие потешкотии учениците со аутизам ги искажуваат на различни видливи начини. Некои можат да тежнеат на игра со играчки и предмети на невообичаени и стереотипни начини.Некои можат да се впуштат во претерано или непримерно гласно смеење. Во нивната игра често недостасува карактеристичната досетливост во друштвените игри. Некои деца со аутизам можат да си играат во близина на други деца, но не учествуваат во играта или не чекаат на ред, додека некои деца со аутизам можат во потполност да се повлечат од социјалната ситуација.


Квалитетот и квантитетот на социјалната ситуација се јавува во континуитет.Социјалната интеракција може да се подели на три подвида:

  • Издвоена – оние кои не искажуваат никаков видлив интерес или важност за интеракција со други лица, со исклучок на оние лица кои им се потребни за задоволување на нивните основни потреби; можат да се вознемират кога се во непосредна близина на други лица, па можат да го одбегнуваат непосакуваниот физички или социјален контакт

  • Пасивна – оние кои не иницираат социјални приближувања, но прифаќаат иницијативи од други лица

  • Активна , но ексцентрична – оние кои ќе пристапат на социјална интеракција, но тоа ќе го направат на невообичаен , често непримерен начин

НЕОБИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ


Лицата со аутизам често покажуваат необично и карактеристично однесување кое вклучува:

Ограничено подрачје на интерес и зафатеност со некоја специфична интересна состојба или предмет

  • Нефлексибилен редослед на нефукционална рутина

  • Стереотипни и репетитивни моторички манири (ударање со рака, нишање, вртење, одење на ножни прсти, тропање по предмети)

  • Преокупација со делови на одредени предмети

  • Воодушевени од движења, како што се вртење на завртката или вртење на тркалото кај некои играчки

  • Инсистирање на постојаност и отпор кон промени

  • Необични реакции на сензорни дразби

НЕОБИЧНИ ОБЛИЦИ НА ВНИМАНИЕ


Лицата со аутизам покажуваат и необични облици на внимание. Учениците можат да имаат низа на потешкотии на ова подрачје. Тие потешкотии имаат значителни импликации во поглед на делотворно комуницирање, социјалниот развој и постигнувањата кои се однесуваат на образованието.


Учениците со аутизам често имаат потешкотии при насочување на вниманието на релевантни упатства или информации во нивната околина, па за да го согледаат она што е важно, вниманието можат да го насочат само на ограничен дел од околината. На пр. Ученикот може да ја види топката, но не и личноста на која треба топката да се подаде или, детето може да забележи неважни детали како спајалица на агол од хартијата, но не и информацијата за хартијата.

Ова се означува како стимул над селективноста. Друга карактеристика на аутизмот е оштетување на способноста за насочување внимание на два предмети или две лица, што се означува како здружено внимание. Учениците исто така можат да имаат потешкотија во ослободување или пренасочување на вниманието од една дразба на друга, што може да придонесе за карактерна ригидност и отпор кон промени. Исто така , можат да покажат краткотрајно задржување на вниманието.

bottom of page